Од барови и казина до лото веб-страни: Историјата и еволуцијата на Кено

Историјата и еволуцијата на Кено

Кено е лотарија која има длабока и богата историја, која датира неколку илјади години наназад до античка Кина. Така, низ годините се појавиле многу верзии на играта, како и многу различни правила и имплементации.

Денес ќе го разгледаме влијанието што Кено го имаше особено врз западниот свет, и како играта успеа да стане се попопуларна во нашево време и доба, сега вклучена во многу национални системи за лотарии, во барови и во казина. Уживајте!

Следење на Кено назад до античка Кина

Првично, верзијата на Кени била создадена од кинески император пред повеќе од 2.000 години. Некои извештаи велат дека тоа било за да заработи пари за одржување на неговата војска, што има смисла, бидејќи било скапо да се нахрани, облекува и вооружува голема бројка на војници, дури и тогаш.

Меѓутоа, тогаш тоа не беше истото Кено како што го знаеме во денешниот свет. Првите верзии се играа со кинески симболи и знаци, а шансите за победа беа всушност многу помали од денешните, бидејќи имаше многу повеќе симболи и комбинации за погодување.

Со текот на годините, беа создадени бројни варијации, но сепак главно во Кина и околните нации, така што играта се прошири далеку, дури сега се уште можете да ги играте оригиналните верзии, или можеби дури и да играте Латвиско Кено онлајн, со што ќе го поврзете минатото со сегашноста.

Како Кено го пронајде својот пат до западниот свет

Кинеските имигранти кои се населуваа во Северна Америка обично допринесоа со воведувањето на играта Кено на западот. Тие најпрво ја играа играта меѓу себе, но штом другите националности дознаа за играта, таа брзо се прошири и беше развиена позападна верзија, речиси исто како верзијата што ја знаеме денес, со 80 броеви.

Извесно време после ова, се играше нелегално во многу држави, бидејќи на казината не им беше дозволено да нудат лотарии на своите играчи, поради што можеби го знаете Кено како “Кено коњска трка” – што беше начин на казината за прикривање на лотаријата како коњска трка.

Меѓутоа, со текот на времето, Кено какво што го знаеме брзо стана уште попопуларно и на крајот законите беа поблаги, дозволувајќи им на сите во Северна Америка да добијат правен пристап до играта. Во средината на  1990-тите во Њу Јорк  беше забележано второ оживување на играта, а потоа и трет бран на популарност откако интернетот стана широко распространет. Сега можете дури и да играте Чешко Кено онлајн  за сами да ја доживеете оваа глобална игра.

Воскреснувањето на Кено во модерната ера

Како што споменавме погоре, Кено доживеа оживување во модерната ера, со нови играчи кои се приклучија на постоечките низ светот преку онлајн игра. Така, ја трансформираа оваа класична игра во дигитална игра која е удобна и лесна за играње од било каде во светот.

Можете дури и да го користите вашиот паметен телефон за да играте Полско Кено онлајн, доживувајќи ја оваа класична игра со модерен пресврт, без да потрошите повеќе од неколку минути и вие можете лесно да учествувате во оваа античка игра.

LottoPark app

Lottopark .apk
Google Play
App Store