Политика за приватност

Овaa LottoPark Политика за приватност (оттука понатаму референцирана како Политика за приватност) се однесува на lottopark.com веб-сајтот (оттука понатаму референциран како Веб-сајт) управуван и одржуван од White Lotto B.V., Fransche Bloemweg 4, Willemstad, Curacao (оттука понатаму референцирана како Компанија).

Оваа Политика за приватност ги дефинира типовите на собраните информации, начинот на кој се користат, пристапот до нив и исто така методи за нивно ажурирање. Ние сериозно ги сфаќаме нашите обврски кон заштитата на приватноста, со нашите најсилни напори се обидуваме да задржиме следната Политика за приватност колку што е можно јасна и разбирлива. Ако имате било какви забелешки или прашања во врска со оваа Политина за приватност, ве молиме да не контактирате преку едно од достапните средства за контакт (e-мејл, телефон, формулар за контакт).

Со користење на нашиот Веб-сајт вие ја прифаќате следната Политика за приватност како и нашите Услови за користење.

Информациите што ги собираме

Кога вие го користите Веб-сајтот, ние ги собираме следните информации:

Информации отворено собрани од вас

Кога креирате корисничка сметка, вие ја давате вашата е-мејл адреса за уникатно идентификување на вашата сметка и за извршување на нејзините опционални активации. Е-мејл адресата исто така се користи за да се овозможи на потсетникот за лозинка да ја врши својата функција.

Ние исто така може да ја користиме вашата е-мејл адреса и телефонски број за да испраќаме известувања за функционирањето на Веб-сајтот (вклучувајќи ги и известувањата што се бараат со закон), вести за Веб-сајтот, информации за производите и услугите вклучени во Веб-сајтот, како и за други маркетинг цели, вклучувајќи производи и услуги од трети лица кои би можеле да ве интересираат (оттука понатаму референцирани како Известувања). Вие може да прекинете да примате известувања поврзани со маркетинг во секој момент со користење на линкот за откажување вклучен во секоја е-мејл порака која ви ја испраќаме или преку контактирање со нас преку достапните средства за контакт: е-мејл, телефон, формулар за контакт.

По креирањето на сметка вие можете да го комплетирате вашиот профил со следните податоци: име, презиме, адреса на живеење, датум на раѓање, телефонски број и временска зона. Овие информации се користат за да се подобри процесот на плаќања, депозити или повлекувања, за прилагодувања на Веб-сајтот (вклучувајќи Известувања), како и за справување со добивките над 2500 американски долари во согласност со став 3.5 од Условите за користење.

Ние исто така може да чуваме регистар на податоци кои доброволно ни се доставени со цел да не контактирате преку формуларот за контакт, телефонски разговор, поштенска порака, Facebook, Twitter или други средства за контакт, вклучувајќи: име, е-мејл адреса, телефонски број, поштенска адреса. Вашето име и е-мејл адресата се неопходни за да може да ни испратите порака преку формуларот за контакт.

Контактот со нас преку социјалните медиуми како Facebook или Twitter не треба да се смета за официјален. Ние го задржуваме правото да не одговориме на пораки испратени преку ваквите средства за контакт истовремено информирајќи дека ќе вложиме максимални напори да одговориме на истите. За да добиете детални информации за податоците собрани од страна на социјалните медиуми споменати претходно, треба да се запознаете со следните документи:

Исто така, ние обработуваме податоци за платежни картички (број, датум на истекување, име и презиме на сопственикот, CVV код) за да го извршиме процесот на плаќање со платежни картички – дознај повеќе.

Информации кои не се отворено собрани

Кога го користите Веб-сајтот, ние автоматски собираме конкретни информации и ги користиме за да се справиме со главните карактеристики на Веб-сајтот, прилагодувања на Веб-сајтот (вклучувајќи Известувања), следење на дојдовниот сообраќај и одржување на безбедност. Тоа вклучува, меѓу другото:

  • IP адреса;
  • заглавија испратени од прелистувачот, особено “User-Agent”, “Accept-Language” и “Referer” кои содржат информации како што се: тип, верзија и јазик на прелистувачот, тип и верзија на оперативниот систем и веб адреса преку која е пронајден Веб-сајтот;
  • системско време;
  • HTTP барања;
  • колачиња датотеки зачувани во доменот lottopark.com или поддомените.

Ние исто така може да ја искористиме IP адресата за да собереме и обработиме информации за вашата вистинска локација со цел да го подобриме процесот на ажурирање на податоците, како и да го прилагодиме Беб-сајтот (вклучувајќи Известувања).

Некои од податоците што се автоматски достапни од веб прелистувачите се чуваат во дневникот на серверот, вклучувајќи цели HTTP барања, времето на нивното пристигнување, IP адреса и URL адреси поврзани со барање.

Функционирањето на Веб-сајтот го користи кешот на вашиот прелистувач. Овозможува да се оптимизира времето на вчитување на Веб-сајтот, како и да се олесни користењето на Веб-сајтот со складирање на податоци помеѓу сесиите дури и по рестартирање на прелистувачот.

Информациите што не се собираат отворено ги вклучуваат, меѓу другите, следниве податоци кои се користат за да се изврши и да се подобри процесот на плаќање:

  • е-мејл адреса, лични податоци (име, презиме, адреса, информација за контакт) и идентификационен број на трансакција со цел да се извршат eMerchantPay плаќања; со ваша експлицитна согласност, ние исто така складираме не-чувствителни податоци за платежните картички кои ги користите за понатамошните плаќања да се извршуваат побрзо;
  • е-мејл адреса, датум, статус, износ и идентификационен број на трансакција кој се користи или се генерира за извршување на tpay.com плаќања;
  • е-мејл адреса, идентификационен број на корисничка сметка, статус, износ и идентификационен број на трансакција кој се користи или се генерира за извршување Skrill плаќања;
  • е-мејл адреса, идентификационен број на корисничка сметка, лични податоци (име, презиме, адреса, датум на раѓање, пол, информација за контакт, состојба на сметка, јазик на сметка и валута) и податоци за фактурирање кои се користат или се генерирани за извршување на Neteller плаќања;
  • дестинациска биткоин адреса и идентификационен број на трансакција кој се користи или се генерира за извршување на Cubits плаќања.

За повеќе информации за податоците собрани за време на плаќањата ве покануваме да се запознаете со политиките за приватност на различни портали за исплата (дознај повеќе).

Информациите што не се собираат отворено се користат и од услуги од трети лица (дознај повеќе).

Услуги од трети лица

Статистика и безбедност

За да ја одржиме безбедноста на Веб-сајтот, како и да ги собереме и анализираме информациите за неговото функционирање, ги користиме следните услуги од трети лица:

  • Google Analytics – за следење на сообраќајот и за водење на детални статистики кои ни овозможуваат да ги идентификуваме изворите на посети и да го анализираме функционирањето на Веб-сајтот;
  • Google reCAPTCHA – за подобрување на безбедноста на Веб-сајтот со заштита против автоматски скрипти.

Горенаведените услуги собираат и користат информации со цел да работат правилно. За да добиете информации за податоците собрани од Google services ве покануваме да се запознаете со Услови за користење на Google и Политика за приватност на Google.

Плаќања

Ние не чуваме детални податоци за платежни картички во нашите бази на податоци. За да зачуваме податоци за платежните картички, ние користиме портали за плаќања од трети страни кои се во согласност со барањата на PCI-DSS (Payment Card Industry Data Security Standard) безбедносните стандарди. Нашите бази на податоци само ги зачувуваат референците за платежните картички кои се зачувани во порталите за плаќање од трети страни. Референците што ги чуваме ги содржат само нечувствителните податоци за платежните картички: датум на истекување, име и презиме на сопственикот и последните четири цифри од бројот на картичката. Податоците за платежната картичката се користат и се чуваат само со ваша експлицитна согласност. Вие може да ги избришете референците до зачуваните платежни картички во секој момент. Податоците за платежната картичка исто така се бришат од одреден портал за плаќање од трети страни, под услов таквата можност да е достапна. Треба да се запамети дека можеби не е можно целосно да се избришат податоците поради начинот на кој функционира конкретниот портал за плаќање. Детални информации за типот на податоците складирани во порталите за плаќање може да се најдат во политиките за приватност и условите на користење на различни портали за плаќање – дознај повеќе. Бришењето на зачуваните податоци за платежна картичка нема да ги откаже започнатите трансакции.

За извршување на горенаведеното ние ги обработуваме податоците за платежните картички обезбедени преку образците достапни на веб-сајтот. Таквата операција е во целосна согласност со PCI-DSS (Payment Card Industry Data Security Standard) барањата. Сите податоци за плаќањата што ги доставувате се испраќаат преку шифрирана SSL (Secure Socket Layer) конекција.

Ве известуваме дека за да ги заштитиме вашите податоци ги преземаме сите неопходни акции за да бидеме сигурни дека вашите податоци не се изгубат ненамерно, злоупотребат, објават, или на кој било начин да се променат или уништат. Исто така, ги заштитуваме од неавторизиран пристап.

За да добиете подетални информации за податоците собрани од различни портали за плаќање, треба да се запознаете со следните документи:

Споделени податоци

Ние не ги правиме вашите податоци достапни за компании, организации или други трети лица со следниве исклучоци:

  • во случај да ја добиеме вашата експлицитна согласност да ги направиме достапни;
  • ние можеме да ги испратиме вашите податоци на доверливи ентитети кои ги обработуваат за наши потреби и за цели дефинирани само од нас, притоа одржувајќи највисок степен на доверливост и безбедност на информациите, особено компании кои се дел од нашата група или наши деловни партнери;
  • кога сметаме дека тоа е оправдано со цел да се придржуваме до законот на кој сме подложни;
  • анализа на прекршување на безбедноста на Веб-сајтот, откривање и спречување на измама и подобрување на безбедноста и други технички прашања;
  • исто така може да ги споделуваме податоците кои не можат да се користат за недвосмислено идентификување на индивидуа за цели како прикажување на најновите добивки или објавување на општа статистика за користењето на Веб-сајтот.

Безбедност на податоците

Ние правиме максимални напори за да бидеме сигурни дека вашите податоци се чуваат безбедно. Во согласност со нашата безбедносна политика, ние не чуваме лозинки во обичен текст. Ние ги користиме најновите стандарди и препораки за да бидеме сигурни дека податоците и сметките на нашите корисници се целосно безбедни, вклучувајќи, покрај останатите:

  • редовно ажурирање на серверот;
  • итна имплементација на безбедносни надградби;
  • исполнување на сите барања на безбедносните стандарди дефинирани од PCI-DSS за ентитетот што ги обработува податоците за платежните картички;
  • наметнување и користење на безбедни конекции секогаш кога е можно;
  • контрола на нивоата на пристап до податоците што се достапни само на поединци, компании или организации кои треба да пристапат до нив; таквите ентитети исто така, се обврзани да одржуваат строга доверливост или да се соочат со сериозни последици;
  • заштита од неовластен пристап, автоматски блокови за напад и целосно следење на активноста на Веб-сајтот.

Бришење на податоците

Бришењето на податоците од вашиот профил не е синоним за целосно бришење од нашиот систем. Споменатите податоци сеуште може да се складираат во системите и датотеките на резервните копии до една година. Резервните копии, поради нивното значење и чувствителност, исто така се складираат на други сервери што ги поседуваме и ги одржуваме и од други компании кои работат со нашите сервери под посебни договори. Вашите податоци содржани во резервните копии може да се користат само за да се вратат во посебни случаи за кои е потребно користење на резервни копии. Промените на податоците од вашиот профил направени помеѓу датумот на креирање на резервна копија и датумот на враќање на истата ќе бидат изгубени, за кои ќе добиете експлицитни известувања.

Можете да ја избришете вашата корисничка сметка со тоа што не контактирате нас во писмена форма. Податоците од избришаната сметка ќе се чуваат за да се спречи губење на асоцијацијата помеѓу сметката и извршените трансакции, како и други акции извршени од вас во системот. На ваше експлицитно барање ние целосно можеме да ги избришеме податоците од вашиот профил од системот, со тоа што ќе го замениме со анонимни податоци, иако нема да ги избрише податоците за извршените трансакции.

Ограничување на возраст

Нашиот Веб-сајт е насочен кон луѓе постари од 18 години. Ние никогаш намерно не собираме или не ги користиме податоците на луѓето за кои знаеме дека не ги исполнуваат нашите критериуми за возраст. Секогаш кога ќе забележиме дека лицето на возраст под 18 години направило сметка на нашиот Веб-сајт, правиме максимални напори да ги избришеме нивните податоци од нашиот систем.

Ограничувања на Политиката за приватност

Оваа Политиката за приватност не се однесува на услугите што ги нудат нашите партнери или други ентитети со реклами и/или референци до нашиот Веб-сајт, исто така не се однесува на други веб-сајтови за кои има референци на нашиот Веб-сајт. Треба да се запознаете со нивните политики за приватност и условите за користење одделно.

Политика за колачиња

За да ги користите главните карактеристики на Веб-сајтот, потребно е да овозможите колачиња во некој веб прелистувач. Може да го поставите вашиот прелистувач да не дозволува колачиња ако сакате да го направите тоа, иако тоа ќе го направи користењето на нашиот Веб-сајт многу ограничено.

За да дознаете како можете да оневозможите колачиња, погледнете во документацијата на вашиот веб прелистувач.

Промени

Ние се трудиме постојано да ја ажурираме оваа Политика за приватност. Во случај на значајни промени, особено оние кои вклуваат големи ограничувања на пристапот до вашите податоци или проширување на степенот до кој се делат, ние ќе ве известиме за промените електронски со праќање на порака на вашата е-мејл адреса, иако го задржуваме правото да правиме измени на оваа Политика за приватност на целосно дискретен начин, без претходна најава. Ваша единствена одговорност е да бидете сигурни дали се направени промени во оваа Политика за приватност или во Условите за користење. Секое користење на Веб-сајтот по промени во Политиката за приватност или Условите за користење ќе се смета дека ги прифаќате истите. Можете да ги прегледате вашите податоци или да ги избришете во секој момент во согласност со и во рамките на опсегот дефиниран со оваа Политика на приватност.

Контакт

Ако имате било какви прашања во врска со оваа Политика за приватност, контактирајте не преку достапните средства за контакт (е-мејл, формулар за контакт, телефон).